Поврзете се со нас

Свет

Смит за „актерот“ Меси: Кога ќе видите некој од светска класа…(ВИДЕО)

Објавено

на

Лионел Меси како што минува времето се повеќе и повеќе можеме да го видиме во поинакви, поопуштени изданија, надвор од конфорната зона.

Уште една потврда за тоа е дефинитивно неговото учество, улога во новото издание на „Лошите момци“ со легендарните Вил Смит и Мартин Лоренс.

Меси и НБА ѕвездата Џими Батлер имаат свои минути, а поголемо внимание дефинитивно привлече Аргентинецот кој ретко се гледа да каже нешто на аглиски јазик. Тука за кратко го имаме асот на Интер Мајами, па Смит откри како е да се работи со Аргентинецот и што забележа кај него при снимањето, соработката.

-Меси е фантастичен, тој не прави работи како [глума], па навистина е интересно кога ќе видите некој кој е од светска класа во она што го прави, а потоа ќе добие насмевка на малото дете како прави нешто [ново].

-Тој сакаше да работи на сетот, тоа беше како олеснување за него, тој само сакаше да игра во тој свет, забавно е да се гледа, -истакна Вил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни