Поврзете се со нас

Репрезентација

Смилковски пред настапот на ЕП: Барам само една работа од играчите

Објавено

на

foto:www.facebook.com/macedonianbasketball

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години ја очекува настап на Европско првенство во Полска, собир на најдобрите селекции на стариот континет закажан за 13. до 21. јули.

Нашите таленти се во навистина тешка група со Шпанија, Турција и Белгија, меѓутоа селекторот Боро Смилковски е убеден дека ќе се претставиме во најдобро светло и дека ќе ја оствариме главната цел, опстанок во ‘А’ дивизијата.

-Успешно затворивме мини-циклус на подготовки во кој одигравме и шест пријателски натпревари. Задоволни сме од сработеното, играчите максимално посветени ги одработија овие подготовки и како стручен штаб сме навистина сме благодарни за нивната доверба во нашата работа. Проблемите со повреди полека ги надминавме, со исклучок на повредата на нашиот Метин Саити, играч чија енергија навистина ќе ни недостасува, како на теренот, така и во соблекувалната. Неговото место ќе го пополни талентираниот Марко Луканоски, а конечниот список на патници го утврдивме буквално пред заминувањето за Полска. Наша констатација е дека физички и техничко-тактички сме спремни за турнирот

-Свесни сме за тежината на националниот дрес и што тоа значи да си меѓу избраните да ја претставуваш својата држава. Ветуваме дека ке го дадеме својот максимум, да покажеме дека можеме да играме добра кошарка. Да бидеме најдобрата верзија од себе е се што барам од играчите, сметам дека тоа е доволно да ја постигнеме нашата цел, а тоа е опстанок во ‘А’ дивизијата. Тоа е и нашата одговорност кон идната генерација што доаѓа, -порача Смилковски.

Ова е составот со кој ќе настапиме во Гдиња:

Андреј Шошкиќ     бек     190 см

Михаил Стојанов  плејмејкер  184 см

Ненад Јовановиќ   плејмејкер  182 см

Лука Димитриевски         плејмејкер  184 см

Петар Бошалески  бек     196 см

Грегориј Јакимовски       крило 195 см

Никола Бојчев        крило 194 см

Тома Стојаноски   крилен центар       200 см

Павел Иванов        крилен центар       203 см

Теодор Симиќ        центар           215 см

Марко Луканоски центар           208 см

Ангел Кечовски     бек     186 см

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни