Поврзете се со нас

Германија

Смена на генерации во Германија: Тер Штеген не остана рамнодушен и се огласи за повлекувањето на Нојер од репрезентацијата

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Германската фудбалска репрезентација дефинитивно ќе доживее смена на генерации во наредниот период, бидејќи четворицата лидери на тимот на последното Европско првенство решија да се повлечат од националниот тим неполни два месеци по турнирот на домашно тло.

Првиот чекор го повлече Тони Крос кој комплетно се пензионираше од фудбалот, следниот го направи Томас Милер кој му се посвети само на Баерн Минхен, а еден ден по објавата на Илкај Гундоган, пристигна соопштение и од капитенот.

Мануел Нојер ја извести јавноста дека е четвртиот ветеран кој става крај на своето поглавје во „маншафт“, а неговото повлекување предизвика најмногу реакции во германската јавност.

Нојер се смета за човек кој ја промени функцијата на голманската позиција и според многумина е најдобар чувар на мрежата во историјата на Германија, но иако доби безброј пораки за поддршка во јавноста, онаа која посебно привлекува внимание е од неговиот наследник.

Марк Андре Тер Штеген со години не можеше да припари до голот на Германија поради Нојер, но сега има отворен пат да биде прв голман на тимот кој го води Јулијан Нагелсман.

– Мануел Нојер, честитки за твојата кариера во националниот тим. Засекогаш светски шампион и легенда во германскиот фудбал!, – објави голманот на Барселона.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни