НБА
Смарт се врати во тимот, го легна противникот на земја и донесе брејк за Бостон (Видео)

Маркус Смарт има огромно значење во ротацијата на Бостон, а тоа најдобро се виде и рано утрово на натпреварот во Мајами, на кој Селтикси успеаја да направат брејк и да израмнат на 1:1.
Поради повреда на стапалото, Смарт го пропушти првиот меч од финалната серија на Истокот, но сега се врати во тимот и му помогна на Бостон да стигне до многу значајна победа, недозволувајќи му на Мајами да се одлепи на 2:0 по двата натпревари на домашен терен.
Селтикси својата неверојатна шутерска ноќ ја најавија на крајот на првата четвртина кога направија серија од 17:0, а потоа во вториот период само потврдија дека не се шегуваат и веќе имаа огромна предност на полувреме.
Гостите од „Ти-Ди Гарден“ продолжија да го зголемуваат водството и во четвратата четвртина имаа и највисока предност од 34 поени, но на крајот малку попуштија и славеа со конечни 102:127.
Повратникот Смарт за малку не стигна до трипл-дабл и мечот го заврши со 24 поени, 9 скокови и 12 асистенции, а на ниво беа и другите две големи ѕвезди на Бостон. Браунф уфрли исто така 24 поени, додека Тејтум беше најефикасен со 27 поени. Во поразениот тим, Џими Батлер немаше преголема поддршка и неговите 29 поени немаа никаков позначаен ефект на резултатот.
Серијата сега се сели во Бостон каде ќе се одиграат два натпревари на 22-ри и 24-ти, по што сигурно ќе гледаме најмалку уште еден меч во Мајами.
"A little shake and bake" by Marcus Smart ☘️#NBAConferenceFinals presented by Google Pixel on ESPN pic.twitter.com/4K1FzKBBeQ
— NBA (@NBA) May 20, 2022
Marcus Smart unleashes his handle 🔥
CELTICS/HEAT Live on ESPN pic.twitter.com/nLsDJ4zGjs
— NBA (@NBA) May 20, 2022
-
Светпред 22 часа
Инсиње откако стана најплатен играч во историјата на МЛС: Не дојдов поради парите
-
Светпред 23 часа
Досегашниот капитен на Сити се врати на почеток: Дојде еден дедо за да ви помогне (Видео)
-
Светпред 24 часа
Лос Анџелес сепак ќе мора да плати за Бејл, заработката оди кај Бекам!
-
Англијапред 12 часа
Пресврт во најава: Манчестер Јунајтед договорил трансфер на холандски репрезентативец
-
АТПпред 22 часа
Мари го изненади противникот со својот потег: Овој удар е дозволен во тенисот (Видео)
-
Англијапред 18 часа
Не е само Стерлинг: Тухел сака да купи уште една стандардна резерва на Гвардиола
-
Англијапред 19 часа
Тен Хаг уште на првиот тренинг ги потсетил играчите на едно правило од времето на Фергусон
-
Италијапред 24 часа
Легендарниот Мацола за сензационалниот трансфер на Интер: Ова не се случило во фудбалот