Слушнете ја официјалната химна на Мундијалот во Русија: Главна ѕвезда во спотот е пејачка од соседството (Видео)

krasnodar

Уште само еден ден од започнувањето на најголемиот светски спектакл кој ќе трае еден месец од 14 јуни до 15 јули. Веќе се е подготвено и се одбројува пред самиот почеток.

Според протоколот британскиот пејач Роби Вилијамс ја доби честа да пее на церемонијата на отворањето на Светското првенство во Русија, на стадионот „Лужники“ веднаш пред натпреварот помеѓу домашната селекција и Саудиска Арабија. Роби Вилијамс ќе биде придружуван од руската сопрано пејачка Аида Гарифулина, а на теренот ќе биде и легендарниот бразилски фудбалер Роналдо.

Исто така и деновиве беше промовирана и официјалната химна на Светското првенство во Русија со наслов ,,Live it Up” која ја изведуваат Ники Џем, Вил Смит и Ера Истрефи. Во спотот се појавува и легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо. Уживајте во видеото.

Facebook Коментари