Слуцки се откажал од учење на холандскиот јазик уште на третиот час

Slucki

Тренерот на холандски Витесе, Леонид Слуцки, ги насмеа фановите на својот клуб, откако призна дека многу бргу се откажал од учењето на јазикот во земјата каде работи.

На гостување во холандска телевизија, рускиот стручњак истакнал дека се откажал од курсот уште на третиот час.

– На третиот час тема беа бројките. Во Русија и Англија се кажува шеесет и пет, додека во Холандија се вели пет и шест десетки. Тоа го разнесе мојот стар руски и мозок и реков благодарам, доста е. Пред две години не зборев ниту англиски, ми требаше многу да го научам, на моја возраст е тешко да се учат јазици, – вели Слуцки.

Facebook Коментари