Поврзете се со нас

АТП

Случајот Ѓоковиќ префрлен кај друг судија, AO не го промени распоредот во негова корист

Објавено

на

Вторпат укинатата виза на Новак Ѓоковиќ го врати неговиот случај кај судските инстанци, но овојпат одлуката ќе ја носи друг судија.

Светскиот рекет број еден остана без виза откако австралискиот министер за имиграција утринава донесе таква одлука, а адвокатите на Ѓоковиќ експресно поднесоа жалба која допрва ќе биде разгледувана.

Судијата кој првиот пат му обезбеди престој во Мелбурн на Србинот, Ентони Кели, денеска одлулил Ѓоковиќ да остане на слобода до сослушувањето закажано кај претставници на имиграциските власти во земјата.

Сепак, неговиот мандат завршува тука, бидејќи случајот од Федералниот сега е префрлен на Сојузниот суд, а Џон О’Калахан е назначен како судија кој ќе ја разгледува жалбата на тенисерот.

Во меѓувреме, одговорните на Аустралијан Опен не одлучија да му купат време на најголемиот фаворит и мечевите од неговиот дел од распоредот ќе се играат веќе во понеделник, а не ден подоцна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни