Случајна средба на Ноле и ,,коцкастите” во Мајами (Фото)

Miami Nole Modric

Хрватската фудбалска репрезентација е на подготовки во САД за одигрување пријателските натпревари против репрезентациите на Перу и Мексико.Хрватските репрезентативци Лука Модриќ, Иван Перишиќ, Иван Ракитиќ и Матео Ковачиќ го проследија натпреварот меѓу Мајами Хит и Њујорк Никс кој заврши со победа на домаќините од 119:98.

Но, најинтересно беше кога неочекувано се сретнаа со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој ги здогледа во еден момент и веднаш го овековечи заедничкиот момент со заедничка фотографија која ја објави на социјалните мрежи и на која напиша:

– Чест е да сретнат прекрасни луѓе и одлични фудбалери од хрватската репрезентација. Среќно момци, – напиша Ноле.

Amazing… thanks a lot @nba 🙏🏀

A post shared by Ivan Rakitic (@ivanrakitic) on

Facebook Коментари