Поврзете се со нас

Олимписки игри

Словенија се бореше до самиот крај, Данска оди во големото финале

Објавено

на

Репрезентацијата на Данска е вториот финалист на ракометниот турнир на Олимписките Игри кои се одржуваат во Франција.

Скандинавците успеаа да ја минат полуфиналната рунда, поточно да слават тесно над борбена Словенија со 31:30. Данците беа сигурни во првиот дел и направи убава предност од пет разлика (15:10), меѓутоа по паузата избраниците на Зорман заиграа на повисоко ниво, покажаа карактер, не се предаваа и се изборија за неизвесна завршница на соочувањето во Лил.

Хансен не реализираше пенал за плус два во последната минута, па се отвори простор за Словенија да се избори за дополнителни минути. Меѓутоа Словенците не пронајдоа соодветно решение, не го загрозија голот на противникот и Данска се пласираше во мечот за златото каде ќе ги одмери силите со Германија.

Ландин со шест гола беше најефикасен кај победикот, Бомбач и Влах на другата страна имаа по седум реализации.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни