Поврзете се со нас

Европски првенства

Словенија пропушти сензација со „црна дупка“ во завршницата, Норвешка патува во полуфинале

Објавено

на

Словенија беше на прагот да режира сензација и да биде на чекот од полуфинале на Европското првенство, но наместо тоа, домашните ракометарки потклекнаа во самиот финиш и Норвешка е онаа која патува меѓу четирите најдобри на континенталниот турнир.

Фаворитот долго се мачеше со храбрата Словенија која имаше огромна поддршка од публиката во „Стожице арена“, но искуството и квалитетот дојдоа до израз во самата завршница во која Норвешка го пронајде рецептот за победа.

Во еден неизмерно израмнет и возбудлив меч, резултатот гласеше 23:23 по 56 минути игра, но кога двата тима дојдоа до ситуација „да се биде – или не“, последната серија на Норвешка се покажа како клучна.

Словенките не успеаја да постигнат ниту еден гол, Норвежанките отидоа на плус два на две минути пред крајот, па потоа рутински го приведоа мечот до својот финиш и остварија победа од 26:23.

Со новата победа и максималниот ефект, Норвешка се пласираше во полуфиналето на Европското првенство, а иако Словенија се уште има шанси за такво нешто, сепак мора да чека кикс од Данска и да победи на последниот меч против Унгарија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни