Поврзете се со нас

Европски првенства

Словенија му направи „проблем“ на Кек: Нема повеќе да се обложувам

Објавено

на

foto: x.com/nzs_si

Словенија успеа да направи изненадување и обезбеди историски пласман во нокаут фазата на 17. Европско првенство.

Словенците не загубија ниту еден меч во групната фаза, поточно со три реми средби и три бода се изборија за место во осминафиналето во кое ќе ги одмерат силите со фаворизираната Португалија.

Овој успех на националниот тим значеше и мал проблем за селекторот Матјаж Кек кој мораше да го исполни ветувањето дадено на новинарите во неговата земја.

Тој ветил дека ќе послужи ручек во случај тие да ја минат групната фаза.

-Мени? Точно исто како што јадат играчите. Немојте да мислите дека е нешто посебно. Само услугата е посебна, облогот е облог. Мило ми е што го изгубив, но нема да се обложувам во иднина, -порачал Кек на шега.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни