Словенија ја реши дилемата „за или против“ останување на шампионатот

slovenija1

Словенечката федерација, репрезентација и нација беа исклучително разочарани поради судењето на средбата на дуелиот со Германија на кој останаа без победа по прегледувањето на снимките при што Блаж Благотиншек доби црвен картон поради непрописен потег по што ударот од седум метри го искористи Тобијас Рајхман.

Поради ваквиот епилог и судењето Словенците најавија дури и напуштање на шампионат, но денеска беше одлучено тие да продолжат да играат иако ќе се жалат до Спортскиот суд во Лозана.

– Ќе се жалиме и до Спортскиот суд во Лозана ако е потребно. Не само затоа што сметаме дека правилата се прекршени на мечот со Германија, туку затоа што сакаме ракометот како спорт да напредува. Ќе продолжиме со оваа борба, ама едногласно одлучивме дека е подобро е да останеме на шампионатот и да го продолжиме натпреварувањето, -порача изјави претседателот на Ракометната федерација на Словенија, Фрањо Бобинац.

Facebook Коментари