Поврзете се со нас

Светски првенства

Словенија и Шведска освоија по бод во драматичен финиш

Објавено

на

Словенија и Шведска не ги разочараа ракометните фанови одигрувајќи драматичен натпревар во вечерниот термин на Светското првенство во Египет.

Швеѓаните доминираа во голем дел од првото полувреме, имаа и пет голови позитива, но Словенија успеа да се врати навреме и отиде на пауза со резултат 15:14 во корист на противникот.

Второто полувреме во најголем дел мина со предност од еден или два гола за Шведска, но Словенците беа постојано во игра да се вратат резултатски и на крајот го реализираа својот план.

Водеа само со 18:17 и во финишот со 27:26, но Шведска постигна два гола во серија за водство, додека Словенија имаше помалку од дваесет секунди за последен напад. Љубо Врањеш побара тајм-аут, а по него ракометарите изработија добра акција и Габер од пикерска позиција ги постави конечните 28:28.

Гајиќ со 6 погодоци беше најефикасен кај Словенија, додека во редовите на Шведска, Ване го заврши натпреварот со 7 голови.

Овој резултат ги остави двете селекции со можност да се пласираат во четвртфиналето, но за тоа ќе играат меѓусебни дуели со Русија, односно Египет во последното коло.

Норвешка во истиот термин рутински го совлада Алжир со 36:23, а најдобри реализатори биле Бронц со 7 и Сагосен со 6 голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни