Поврзете се со нас

Светски првенства

Словенија и одржа кошаркарска лекција на Хрватска, Дончиќ му укажа голема чест на Драгиќ (Видео)

Објавено

на

Словенија ја декласираше Хрватска на домашен терен и приреди вистинско кошаркарско шоу во „Стожице“ арената во Љубљана, сала која беше премала за да го испрати последниот натпревар на Горан Драгиќ пред домашната публика.

Легендарниот Драгиќ за последен пат го носеше дресот на Словенија на домашно тло и заедно со Лука Дончиќ беше лидер во кошаркарската рапсодија на домаќините, кои и одржаа кошаркарска лекција на Хрватска.

Словенија победи со 97:69 и се пласираше во вториот круг квалификации за Светското првенство, но главната фешта беше резервирана за по крајот на мечот каде сосема очекувано главна ѕвезда беше Драгиќ

Горан постигна 19 поени на последниот натпрвар пред домашните навивачи и заедно со Дончиќ кој уфрли 21 ја декласираа Хрватска, но оној кој беше задолжен за шоу со микрофонот беше помладата ѕвезда на Словенците.

Дончиќ му укажа голема чест на својот соиграч и пријател и ги водеше „МВП“ скандирањата од преполната сала во Љубљана, атмосфера која сигурно ќе и даде потстрек на Словенија да игра исто така квалитетно и во втората рунда квалификации за Мундобаскетот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни