Велосипедизам
Словенецот Роглич ќе ја одбрани титулата на шпанска Вуелта

Словенецот Примож Роглич задржа голем дел од својата предност на претпоследната етапа на велосипедската трка околу Шпанија и утре официјално ќе биде промовиран како победник на „Вуелта 2020“.
Роглич денеска мораше да се соочи со сериозна закана од големите ривали Рикард Карапас и Хју Карти, кои го искористија планинскиот сегмент од етапата за да направат предност во однос на Словенецот.
Сепак, Роглич во завршницата успеа да надомести дел од секундите и има пристојна предност во пресрет на утрешната кратка етапа низ улиците на Мадрид.
Денешната 17. етапа му припадна на Французинот Давид Гауду, а второто и третото место ги освоиле Гино Мадер од Швајцарија и Јон Изагире од Шпанија.
Победата на Роглич значи одбрана на неговата титула на Вуелта од минатата година и продолжување на одличната серија по неодамнешното второ место на Тур де Франс.

- Европски првенствапред 24 часа
УЕФА го менува планот, ЕП може да се одржи само во една држава
- НБАпред 23 часа
Ирвинг: Коби треба да биде новото лого на НБА лигата (ФОТО)
- Светпред 17 часа
Панучи: Освоив се во Милан, но само еден клуб е „фудбалски Холивуд“!
- Лига на шампионипред 22 часа
Фердинанд му ги посочи двете најголеми закани на Гвардиола во Лигата на шампионите
- Лига на шампионипред 19 часа
Лазаров беше најдобар против европскиот шампион, Нант испушти победа во завршницата
- Светпред 21 час
Ибра направи разлика меѓу „старата фудбалска школа“ и новата генерација на фудбалери: Одиграле добри пет минути…..
- Англијапред 19 часа
Фабрегас го издвои играчот кој менува натпревари во Арсенал: Каква зрелост и каква интелигенција (Фото)
- Светпред 23 часа
Анри ја заврши приказната во МЛС лигата (ФОТО)