Словенечки поздрав: Загорац му пријде на таткото на Дончиќ и му ја распара кошулата (Видео)

slovenija-radost

Кошаркарската репезентација на Словенија испиша историја откако синоќа стигна до првото злато во феноменалната пресметка со Србија во големото финале, но ако некој се издвојуваше од останатите по начинот на кој го прослави големиот триумф, тоа секако беше Саша Загорац.

Репрезентативецот на Словенија пред да даде интервју имаше интересна средба со таткото на неговиот соиграч Лука Дончиќ, па инспириран од новинарката, одлучи да му ја распара кошулата и да го подсоблече пред камерите. Саша Дончиќ кој инаку е познат поранешен кошаркар со голема смеа го прифати цело ова и му порача на Загорац дека е голема будала.

Facebook Коментари