Поврзете се со нас

Светски првенства

Словенците во шок од повредата на Цехте: Не можеше да дише и да зборува

Објавено

на

Фото: https://x.com/rzs_si

Вчерашниот натпреварувачки ден на Светското ракометно првенство донесе нови возбудувања, со неколку неизвесни натпревари и пресврти, но и еден непосакуван инцидент.

Ракометните фанови во Загреб беа шокирани од ситуацијата со Нејц Цехте, словенечкиот репрезентативец кој уште во 8. минута од дуелот со Аргентина заработи незгоден удар и пад на теренот, по кој итно беше префрлен во најблиската болница.

Словенечката ракометна федерација објави дека играчот на Еурофарм Пелистер имал две скршени ребра и дополнително ќе му бидат правени и други прегледи, па стана јасно зошто и неговите репрезентативни колеги беа шокирани од она што го видоа пред да пристигнат лекарите.

– Бев шокиран бидејќи тој буквално не можеше да дише, ниту пак да зборува.

– Затоа и почнавме панично да ги повикуваме лекарите, бидејќи нивната интервенција доцнеше малку, – изјавил Алекс Влах.

– Тоа беше навистина лоша глетка, не можеше да дише. Понекогаш е тешко повторно да се концентрираш на ракометот, бидејќи таа слика не може да ти излезе од глава, но за среќа ние успеавме да победиме без проблем, – рекол Блаж Јанц.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни