Поврзете се со нас

Европски првенства

Словенците со огромни проблеми ќе допатуваат во Скопје: Уште тројца важни играчи му откажаа на Зорман

Објавено

на

Фото: https://x.com/rzs_si

Македонија и Словенија навикнаа да ги одмеруваат силите на големите натпреварувања, но сега ждрепката ни донесе и два меѓусебни дуели во квалификациите за Европското првенство, а истите ќе се одиграат во текот на нареднава недела.

Првиот натпревар се игра во Скопје в среда и веќе започнаа завршните подготовки за овој натпревар, пред кој мора да се нагласи дека Словенците имаат огромни проблеми со играчкиот кадар.

Селекторот Урош Зорман не спие мирно во увертирата за двомечот со избраниците на Кирил Лазаров, а причина за тоа се големиот број на откажува на важни ракометари.

Покрај Миха Зарабец кој отпадна уште на средина на неделата, словенечката ракометна репрезентација денеска објави дека Зорман нема да може да смета на уште три клучни ракометари, а тоа се Ник Хенигман, Миха Кавчиќ и Тадеј Клјун.

Хенигман заминал на дополнителни прегледи во согласност на својот клуб поради повреда на рамото, Кавчиќ нема да може да настапи поради проблем со дијафрагмата, додека Клјун не успеал да се опорави од повреда на грбот.

Четирите откажувања во краток временски интервал само се надоврзаа на претходно отпишаните Цехте, Овничек, Ферлин, Машковшек и Јанц, па севкупно гледано, Зорман нема да може да смета на 11 играчи кои беа дел од тимот на последното Светско првенство во месец јануари.

Поради последните три откажувања, Зорман ги повика Тарик Мливиќ и Тим Розман кои ќе бидат дебитанти, а претходно го селектираше Алекс Кавчиќ како замена за повредениот Зарабец.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни