Поврзете се со нас

Олимписки игри

Словенците не се шегуваат: Дончиќ и Драгиќ ја преслушаа Јапонија и се загреваа за Шпанија (Видео)

Објавено

на

Словенците продолжија во фуриозен стил на Олимписките игри и ја остварија втората победа на кошаркарскиот турнир, откако рано утрово ја совладаа Јапонија со убедливи 116:81.

Три дена по големата победа над Аргентина во која брилјираше Лука Дончиќ, најдобриот играч на Словенците одново беше најефикасен со 25 поени, но овојпат имаше и голем сојузник во искусниот Драгиќ.

Покрај 25-те поени, Лука придодаде и со седум скока и исто толку асистенции, додека Драгиќ го заврши мечот со 24 поени, 4 скокови и 2 асистенции.

Најефикасен на мечот беше Хачимура со 34 поени, но тоа не беше доволно за неговиот тим кој беше посебно надигран во четвртиот период кој го загубија со 36:17.

Следен предизвик за Словенија на Олимписките игри е Шпанија, селекција која денеска ќе ги одмери силите со Аргентина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни