Поврзете се со нас

Светски првенства

Словенците ја соопштија првата болничка дијагноза за Цехте

Објавено

на

Фото: https://x.com/rzs_si

Словенија денеска оствари рутинска победа над Аргентина во втората фаза на Светското ракометно првенство, но триумфот на избраниците Урош Зорман е засенет од моментот кој ги исплаши сите актери на теренот.

Членот на Еурофарм Пелистер, Нејц Цехте заработи незгоден удар и падна на теренот уште во почетниот период од дуелот и веднаш бил префрлен во болницата во Загреб.

Словенечката ракометна федерација вечерва потврди дека по направените детални прегледи, од болницата не стигнале позитивни вести, односно Цехте оди на принудна пауза.

Првичната дијагноза на лекарскиот конзилиум е две скршени ребра, сериозна повреда, која сигурно ќе значи и крај на мундијалот за словенечкиот репрезентативец.

Цехте ќе преноќи во болница, за да му бидат направени сите потребни прегледи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни