Поврзете се со нас

Светски првенства

Словенците го кренаа гласот и најавија мега скандал: Играчите биле затруени пред клучниот натпревар со Египет

Објавено

на

Репрезентацијата на Словенија не успеа да обезбеди четвртфинале на ракометниот Мундијал откако во клучниот натпревар со домаќинот Египет ремизираше 25:25 и пропушти можност да разгирува за медал.

Иако во поголем дел од првиот дел и на почетокот на второто полувреме Словенците имаа солидна предност, Египет успеа да ги стигне и на крај да извлече реми.

Овој натпревар го следеа низа контроверзи и скандали откако Словенците по натпреварот се пожалиле на стомачен вирус, кој според нив не бил случајно закачен.

Осум играчи на Словенија се пожалиле на цревна вироза проследена со повраќање и дијареа која произлегла од труењето со храна во хотелот во Египет. На оваа тема кратко проговри и најдобриот словенечки ракометар, Јуре Доленец.

– Би сакал да кажам многу работи, но знам дека не можам и дека мора да се гризнам за јазикот. Дадовме се што имавме. Не уништија нашите глупости, но и туѓите. Половина тим ни беше во тоалет ден пред натпреварот и на денот на натпреварот. Тројца не можеа да играат, постојано некој повраќаше. Тоа се случи и со Хрватите и мене сето тоа ми е некако чудно, -изјави Доленец.

Селекторот на репрезентацијата Љубомир Врањеш пак ги пофали играчите што собрале сила да излезат на паркетот и да прикажат соидна претстава против домаќинот Египет.

– Имавме осум играчи кои имаа здравствени проблеми. Во такви услови имавме прилика за победа и мислам дека можевме да победиме. На цел турнир загубивме само еден натпревар и испаднавме, -изјави Врањеш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни