Поврзете се со нас

Европски првенства

Словаците шокирани од гестот на Белингам, Џуд мораше да се објаснува на социјалните мрежи (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/England

Џуд Белингам е главниот виновник што Англија е се уште дел од европскиот шампионат во Германија, бидејќи неговиот неверојатен гол во судиското продолжение спречи големо фијаско и обезбеди продолженија во кои фаворитот стигна до победа.

Ѕвездата на Реал Мадрид со спектакуларни „ножички“ го однесе осминафиналето во дополнителни 30 минути игра, па уште веднаш стана јасно дека моментумот се префрла на страна на фаворитот кој повторно не блескаше со прикажаната игра.

Џуд спречи голем срам и уште еднаш покажа дека е фудбалер со посебна фудбалска дарба, но Словаците доста го коментираат и неговиот гест кој е навистина вулгарен.

По израмнувачкиот гол, Белингам се фати за меѓуножјето додека гледаше кон клупата за резерви, а дел од медиумите пренесоа дека тоа е наменето за противниците.

Во вакви ситуации, УЕФА има опција да ја разгледува ситуацијата и да отвори истрага, но пред да дојде до било каков случај за такво нешто, Џуд реши да се објаснува на социјалните мрежи.

– Тоа беше интерна шега и гестикулација кон блиски пријатели кои беа на стадионот. Не чувствувам ништо освен респект кон тимот на Словачка, – порача Белингам.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни