Поврзете се со нас

Европски првенства

Словачкиот селектор по поразот од Шпанија: Невозможно е да се постигне таков кош (Видео)

Објавено

на

Фото: https://www.fiba.basketball

Шпанската кошаркарска репрезентација стигна до посакуваната победа во Братислава во квалификациите за Европското првенство, но триумфот на гостите донесе големо незадоволство во таборот на Словачка.

Двете селекции одиграа дополнителни десет минути за да го решат победникот, но најконтроверзниот момент се случи во финишот на првото продолжение, кога Јуста успеа да израмни на 67:67 со луда тројка постигната за само 0,4 секунди.

Судиите ја проверуваа снимката и ги потврдија поените за гостите, иако од видеото јасно се гледа дека времето почна да тече многу подоцна, а тоа го потенцирал и словачкиот селектор Арамис Наглиќ.

– Може да зборуваме долго за она што се случуваше во финишот.

– Но, едно е јасно, невозможно е во период од 0,4 секунди да ја допреш топката, да ја тапнеш на подот и потоа да шутираш. Ја давам десната рака ако некој го потврди спротивното, – рекол лутиот Наглиќ по поразот од Шпанија.

Шпанскиот селектор Серџо Скариоло не се согласува со својот колега и смета дека официјалните лица си ја завршиле работата коректно.

– Моите асистенти ми ја покажаа снимката на таблет и се уверив дека шутот е испратен навреме. Двајца претставници на записничката маса им го потврдија тоа на судиите и им благодарам за искреноста, – изјавил Скариоло, чија репрезентација се извлече во Братислава и стигна до првата победа во групата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни