Поврзете се со нас

Англија

Слот за слабото второ полувреме на Ливерпул: Потребни ни се и вакви победи

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Ливерпул одигра под своите стандарди во второто полувреме на дуелот со Волвс, но на крајот успеа да ја задржи предноста и да стигне до три важни бодови на премиерлигашката табела.

Менаџерот Арне Слот е свесен дека неговите фудбалери биле под потребното ниво, но потенцира дека ваквите победи се посебно слатки за секој тим.

– Ова е голема победа, моравме да бидеме пожртвувани и ни беше потребен Алисон.

– Во сезона во која сакате да освоите нешто, мора да имате и вакви победи, тие имаат посебно значење.

– Не стигна заморот и посебно менталниот замор, ова беше сериозен тест. Првпат сезонава забележав дека моите фудбалери не се на потребното ниво, а тие решија да посветат повеќе внимание на одбраната отколку на нападот и да ги обезбедат бодовите, – рекол Слот.

Ливерпул има седум бодови повеќе од второпласираниот Арсенал.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни