Англија
Слот за ситуацијата со Киеза: Втората половина од сезоната…
Федерико Киеза пристигна во Ливерпул во летниот преоден рок со цел и желба одново да ужива во фудбалот, да се врати во ритам и форма откако Јувентус одлучи повеќе да не смета на неговите услуги.
Меѓутоа досегашната епизода на „Енфилд Роуд“ е далеку од посакувањата, очекувањата затоа што офанзивецот одигра само 4 средби во сите конкуренции или вкупно 123 минути, па неговото име се поврзува со враќање на Апенините.
Сепак менаџерот на „црвените“ Арне Слот се уште смета на Киеза и потврда е последната изјава во која го предизвика фудбалерот да ја победи конкурецијата и да се избори за местото во вториот дел од сезоната кој е поважен од првиот.
-Како што реков, секој натпревар е шанса за секој играч да добие шанса за играње. Не само што му беше тешко поради сите работи што штотуку ги кажавте – нема да ги кажам сите овие работи повторно – во однос на подготвеноста за натпревите, туку и дека треба да се натпреварува со Коди Гакпо, Луис Дијаз, Диого Жота, Дарвин Нуњез и Мо Салах.
-Сите овде ги знаат бројките што ги дава Салах; нема многу пати причина да го извадите за време на меч или пред натпревар. Исто така затоа што е многу фит. Реков многу пати претходно, тој беше најдобриот играч во претсезоната и прави се секој ден за да ја одржи кондицијата за натпреварот, сака да игра на секој меч. И тој се појавува на секој меч.
-Значи, не се работи само за Федерико кога зборуваме дека тој е ограничен во својата минутажа, туку и за останатите. Но, во однос на Федерико, тоа дефинитивно има врска со начинот на кој пристигна. Не ги знам англиските зборови, останатите веќе тренираа многу и моравме да го донесеме во однос на кондицијата за натпреварите. Значи, тоа е комбинација од причини зошто тој сè уште не играше толку многу, но да почекаме и да видиме во наредните недели и месеци дали ќе може да ни помогне, бидејќи втората половина од сезоната е уште поважна од првата половина, -порача Холанѓанецот.
-
Светски првенства12 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија18 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Светски првенства12 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Шпанија12 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Италија21 час
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Англија17 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Англија23 часа
Гвардиола ја објасни „кавгата“ со голманот Ортега по ремито со Брентфорд (ВИДЕО)
-
Шпанија16 часа
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!