Поврзете се со нас

Англија

Слот за неубедливата игра на Ливерпул: Моите играчи сакаа да ја проверат формата на Алисон

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Ливерпул успеа да победи на гостувањето кај Џирона, но менаџерот Арне Слот не бил задоволен од начинот на кој бил одигран натпреварот од Лигата на шампионите.

„Црвените“ со гол од пенал на Салах остварија шеста победа на исто толку натпревари, но Џирона на моменти доминираше и имаше многу удари кон голот на кој се врати Алисон по пауза од два месеца.

По средбата, Слот потенцирал дека Алисон бил на посакуваното ниво, за разлика од соиграчите.

– Алисон дефинитивно не изгледаше како голман кој се вратил на терен по пауза од два месеца.

– Се шегував со фудбалерите дека можеби тие сакаа да се уверат колку е подготвен, па поради тоа му обезбедија толку многу одбрани.

– Но, тој покажа зошто јас секогаш потенцирам дека е наш број еден. Ако ме прашате за резултатите, задоволен сум, ако ме прашате за шесте натпревари, задоволен сум од сите освен од денешниот, – рекол Слот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни