Англија
Слот за иднината на Трент: Начинот на кој го прослави голот кажува многу….. (Фото)
Трент Александер Арнолд многумина веќе го преселија во Реал Мадрид и го најавија неговиот трансфер во месец јануари, но самиот фудбалер останува недостапен за новинарите и со медиумскиот молк само прави да има разноразни шпекулации за неговата иднина.
Арне Слот во ниту еден случај не сака да го загуби дефанзивецот и тоа го повтори во неколку наврати во изминатите месеци, меѓутоа менаџерот сега е се поубеден во сценарио различно од она што го најавуваат медиумите, пред се и поради прославата на Трент по голот против Вест Хем.
Арнолд засега се одлучува да дава одговори на фудбалскиот терен, па така вчера од Лондон испорача јасна гестикулација, алудирајќи дека во јавноста „премногу се зборува“ за неговата иднина.
– Начинот на кој го прослави голот кажува многу работи за неговата иднина, – порача Слот, кој ваквиот гест на Трент го оцени како јасен сигнал дека тој ќе остане во Ливерпул.
Трент е една од трите ѕвезди на Ливерпул со кои клубот води интензивни преговори за нов договор, но истовремено, тој е и фудбалерот кој е најблиску до заминување од „Енфилд“ со оглед на тоа што сериозен интерес пројави „кралскиот клуб“.
Trent Alexander-Arnold #WHULIV pic.twitter.com/uiuVoxPY9v
— Q (@HQwallp) December 29, 2024
-
Англија23 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП17 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија16 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Репрезентација18 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија15 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Германија19 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија16 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Италија15 часа
Проблемите се надминати, Елмас добива нов соиграч од Милан