Англија
Слот за иднината на Александер-Арнолд: Можам само да кажам…
Трент Александер-Арнолд е една од трите ѕвезди на Ливерпул на која му завршува договорот на крајот на оваа сезона, но воедно и единствен играч од тројката (Мохамед Салах и Вирџил Ван Дајк) за кого се шпекулира дека може да го напушти клубот уште во овој зимскиот преоден рок.
Реал Мадрид според дел од медиумите е подготвен да плати и да го доведе Англичанецот на „Бернабеу“, но во исто време е спремен и да почека до летово за да без обештетување го добие потписот на десниот бек.
Засега останува се отворено со многу прашалници, но дека се може да се случи говори и коментарот на менаџерот Арне Слот кој истакна дека само една работа е сигурна, а тоа е дека Трент ќе игра во дербито со Манчестер Јунајтед.
-Можам да ви кажам дека ќе игра во недела и се надевам дека ќе ги донесе истите перформанси како што ги имаше во последната половина година. Мислам дека сите видоа колку одлична прва полусезона имаше, колку е тука, колку сака да победи овде. Го гледам на тренинзите, како работи секој ден. Тој е целосно посветен на нас и ќе игра во недела.
-Убеден сум дека тој ќе игра за нас во недела и мислам дека е толку тешко во фудбалот да се зборува за тоа што ќе се случи за еден месец или за шест месеци. Можете исто така да ми го поставите прашањето: „Дали си убеден дека Вирџил и Мо ќе бидат тука тука следната сезона? Тоа е толку тешко прашање да се одговори бидејќи тешко дека има долг рок во фудбалот, особено не за менаџер, така што вашиот единствен фокус е на краток рок. Единственото нешто што знам е дека тој [Александар-Арнолд] е целосно фокусиран и подготвен да игра за нас во недела и се додека е тука, -порача Холанѓанецот.
-
Англија21 час
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП14 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија13 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација16 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Македонија23 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија14 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Германија17 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)