Поврзете се со нас

Англија

Слот за големата чест на „Енфилд“: Не сум навикнат на ова, морам да му се заблагодарам на Клоп (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Арне Слот ја забелеша 14-та победа на 16-от натпревар како менаџер на Ливерпул, а уверливото издание против германскиот првак Баер Леверкузен е уште еден доказ дека тимот фати посакуван правец со новиот предводник.

Холанѓанецот одлично се прилагоди на базите кои ги постави Јирген Клоп и засега се функционира одлично за него на „Енфилд Роуд“, каде вчера одекнуваше и популарната песна која прв почна да ја пее токму неговиот претходник.

Навивачите на Ливерпул му ја посветија песната на Слот во неколку наврати од мечот кој заврши 4:0, па Арне по крајот на натпреварот не пропушти да му се заблагодари на Клоп.

– За еден менаџер кој доаѓа во нова средина, многу подобро е да слуша песна од трибините, отколку свирежи. Специјално е да се биде на „Енфилд“, но станува уште поспецијално кога ти посветуваат песна.

– Играчите се навикнати на вакво нешто, но јас не сум. Во Холандија не е навика да се пеат песни за тренерите. За се ова морам да се му се заблагодарам на Јирген, тој беше првиот кој излезе со оваа песна пред сите на „Енфилд“. Многу ми се допадна тоа што навивачите му посветија песни и на Чаби Алонсо. Тој е специјален за овој клуб и поради тоа доби пречек каков што заслужува, – изјави Слот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни