Поврзете се со нас

Англија

Слот за „договорениот трансфер“ на Арнолд во Реал: Тој ќе игра во недела против Јунајтед!

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Арне Слот ги заобиколува тврдењата на англиските медиуми и британските експерти, односно засега на одличен начин се дистанцира од вестите кои велат дека Трент Александер Арнолд е пред трансфер во Реал Мадрид.

Голем број легенди како Мајкл Овен и Џејми Карагер го гледаат десниот бек како нов играч на „кралскиот клуб“, но менаџерот на Ливерпул не отстапува од својата теорија и тврди дека Трент се уште е многу важен дел од неговиот тим.

Холандскиот стручњак на денешната прес-конференција зборуваше за иднината на Арнолд, но и за неизвесните судбини на Мо Салах и Вирџил Ван Дајк кои исто така се во последните месеци од договорите.

– Сите го знаете мојот одговор за Трент. Можам само да ви кажам дека ќе игра во недела против Јунајтед, а јас само се надевам дека ќе ги повтори перформансите од последните шест месеци. Сите видовме каква полусезона одигра, сите можете да видите колку е посветен и колку сака да му помогне на тимот. За мене, тоа е поважно од се она што се зборува во јавноста.

– Јас го гледам секој ден на тренинзите, разговарав со него и тој е целосно посветен на Ливерпул. Затоа ќе биде во стартниот тим во недела. Истото важи и за Салах и Ван Дајк. Ако сметав дека вестите за нивните иднини го дестабилизира тимот, тогаш ќе имавме голем проблем.

– Во нашиот случај, не гледам такво нешто. Играчите од ваков калибар се навикнати да има шпекулации и ништо не може да ги дестабилизира, – посочува Слот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни