Англија
Слот со јасна порака: Ѕвездите на Ливерпул мора да си заслужат нови договори
Ливерпул го очекува вториот натпревар од новата сезона во Премиер лигата, а менаџерот Арне Слот им испратил јасна порака на дел од ѕвездите, чиј договор со клубот истекува следното лето.
Новиот менаџер очекува максимум од играчи како Вирџил ван Дајк, Трент Александер-Арнолд и Мохамед Салах, но им порача дека тие ќе добијат понуда за нови договори само ако се изборат за такво нешто на теренот.
– Мојата единствена задача е да го извлечам најдоброто од нив и тоа го правам со сите фудбалери.
– Ако го добиеме најдоброто и тие имаат добри настапи, тогаш останува да решат дали сакаат нов договор, но и клубот треба да донесе одлука дали ќе им понуди такво нешто, – рекол Слот.
Голманот Алисон Бекер летово имаше понуда од Саудиска Арабија, но им потврдил на англиските медиуми дека ја одбил затоа што сакал да остане во Ливерпул. Останува да се види дали тоа ќе се промени следното лето, бидејќи на Бразилецот ќе му остане уште една година од договорот, а „црвените“ веќе го планираат Гиорги Мамардашвили за негов наследник.
-
Лига на шампионипред 15 часа
Баерн со непријатно изненадување за Ристовски и Адеми: Можете само да се сликате на „Алијанц арена“ (Фото)
-
Лига на шампионипред 18 часа
Алисон распали по новиот формат во пресрет на премиерното коло во ЛШ: Не сме глупави!
-
Светпред 14 часа
Ракитиќ излезе со поинаква изјава за Саудиска Арабија од сите ѕвезди кои се вратија во Европа
-
Светпред 11 часа
Ништо од Серија А: Перишиќ пред преселба во далеку послаба лига во Европа
-
Лига на шампионипред 13 часа
Сидорф: Тимот кој треба да се победи е Реал, но има два клуба кои можат да го предизвикаат за трофејот во Европа
-
Шпанијапред 12 часа
Гути без размислување го „испука“ играчот на Барса кој би го купил за актуелниот тим на Реал (Видео)
-
Шпанијапред 16 часа
Родригез-манија во Мадрид: Хамес се врати во Ла Лига и ги стресе трибините на „Валјекас“ (Видео)
-
Светпред 16 часа
Марсијал конечно пред реализација на трансфер, ќе стане најплатен играч во историјата на „двоглавите орли“