Поврзете се со нас

Англија

Слот шокиран од Оливер: Откриени зборовите кои му ги испратил на судијата откако доби црвен картон (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Арне Слот не остана рамнодушен во драматичната и тензична завршница на големото Мерсисајд дерби, па обично мирниот холандски стручњак заработи црвен картон по последниот судиски свиреж.

Мешаницата и тепачката меѓу Дукуре и Џонс направи работите да ескалираат на теренот, а бидејќи имаше многу препукувања и провокации, Мајк Оливер на крајот покажа четири црвени картони.

Два беа за Дукуре и Џонс, додека останатите два беа покажани на Арне Слот, како и на неговиот помошник Халсхоф.

Слот заработи исклучување поради начинот на кој се ракуваше со искусниот премиерлигашки судија, а од целата ситуација остана шокиран менаџерот на Ливерпул, кој според англиските медиуми му ги испратил следните зборови:

– Навистина ми даде црвен картон за тоа?, – го запрашал Слот судијата Оливер, нешто за кое не добил одговор.

Во продолжение, исклучениот Слот не одржа ниту прес-конференцијата на „Гудисон парк“, протокол кој се практикува со менаџерите кои добиваат исклучување на еден натпревар.

Видеото погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни