Англија
Слот: Пред Ливерпул се три финалиња

Ливерпул утре го очекува дуел со Саутемптон во Премиер лигата, дуел на кој е апсолутен фаворит против „фенерџијата“ во шампионатот, но менаџерот Арне Слот е внимателен и на оваа пресметка заедно со следните две кои следат гледа на три финалиња.
До репрезентативната пауза „црвените“ ги очекува реваншот со Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите, а потоа и битката со Њукасл на „Вембли“ за трофејот во англискиот Лига Куп.
-Мојот целосен фокус сега е на Саутемптон. Тоа е прво од трите финалиња што ќе се играат во претстојната недела. За мене, натпреварот со Саутемптон е убедливо најважниот во неделата, не само затоа што е првиот што го играме туку затоа што е многу важен натпревар за нас.
-Ова е недела која ја чека секој навивач на Ливерпул. Знаеме дека финалето е таму и сите веќе ми зборуваат за тоа како ќе биде атмосферата на вечерта во Лигата на шампионите, но навистина се надевам дека нашите навивачи утре ќе бидат најгласни, не во финалето или против ПСЖ, туку утре. Морам да ги убедам моите играчи дека играме три финалиња, а се надевам дека малку ќе влијаам и на нашите навивачи, па тие ќе разберат колку ќе бидат важни утре. Се надевам дека нема да дојдат пет минути пред почетокот.
-Се надевам дека стадионот ќе биде целосно исполнет половина час пред почетокот и играчите ќе ја добијат наградата за нивниот настап во Париз, за нивната напорна работа. Навивачите имаат одлични песни. Тие се навистина креативни, па да ги слушнеме утре, -истакна Слот.
-
Лига на нации19 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП18 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации21 час
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Македонија15 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)
-
Лига на нации19 часа
Франција го најави пресвртот против Хрватска со гол каков немаше постигнато цели 18 години (Видео)
-
Лига на нации20 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Репрезентација10 часа
Миовски е автор на вториот најатрактивен гол во квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Свет18 часа
Арда го замолкнуваше Собослаи, ѕвездата на Ливерпул жестоко одговори за неговиот статус во Реал (Фото)