Поврзете се со нас

Англија

Слот потврдил подолга пауза за еден фудбалер, дебито на Киеза за Ливерпул и натаму неизвесно

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/LFC

Арне Слот денеска одржал прес-конференција во пресрет на новиот натпревар на Ливерпул во Премиер лигата, а на истата зборувал на повеќе теми, вклучувајќи го и составот со кој ќе располага викендов.

Холандскиот стручњак очекува враќање на МакАлистер во тимот, но истовремено потврдил дека Харви Елиот оди на подолга пауза.

Елиот почувствувал болка додека се подготвуваше за настап за младинската репрезентација на Англија и без настап се вратил во Ливерпул, каде била потврдена фрактура.

– Повредата на Елиот е големо разочарување за него, но и за сите во клубот.

– Не играше многу на претходните натпревари, но за време на подготовките покажа колку е подготвен. Ќе играше повеќе на следните натпревари, но сега ќе треба некој друг да го заземе неговото место. Ова е голем проблем за Ливерпул бидејќи ќе одиграме седум натпревари наредните 22 дена, – рекол Слот, кој зборувал и за евентуалното деби на Киеза во дресот на „црвените“.

– Федерико тренираше со тимот три или четири пати, па ќе видиме што ќе се случува денес и ќе донесеме одлука. Имаме повеќе од 20 фудбалери, – искоментирал менаџерот на Ливерпул.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни