Поврзете се со нас

Англија

Слот потврдил кога го очекува Жота назад во тимот на Ливерпул

Објавено

на

foto: twitter.com/LFC

Повредата на Диого Жота не е наивна и тој се уште не е подготвен да се врати во редовите на Ливерпул, потврдил денеска менаџерот Арне Слот.

Португалскиот репрезентативец заработи повреда на ребрата на дербито со Челси, а денеска Слот потенцирал дека го очекува Жота по ноемвриската пауза за настап на репрезентациите.

– Бредли тренира со екипата и може да биде дел од составот за дуелот со Брајтон во Лига купот.

– Во таква ситуација не се Жота, Алисон, Елиот и Киеза, тие не се во комбинација.

– Очекувам Жота и Елиот да се вратат дури по репрезентативната пауза, – рекол Слот, алудирајќи на паузата на клупските обврски меѓу 11 и 19. ноември.

Ливерпул два пати по ред ќе игра против Брајтон, потоа ќе се соочи со Баер Леверкузен во Лигата на шампионите, како и во премиерлигашкото дерби со Астон Вила во пресрет на ноемврискиот прозорец на УЕФА.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни