Поврзете се со нас

Англија

Слот потврди лоша вест за Ливерпул: Ова е голем удар за нас

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Ливерпул сезонава се бори за трофеи во повеќе натпреварувања, а менаџерот Арне Слот е свесен дека покрај добрата форма и соработка на фудбалерите, „црвените“ ќе треба да избегнат и посериозни проблеми со повреди.

Денеска, холандскиот стручњак им потврдил на медиумите дека Џо Гомез воопшто немал среќа на дуелот со Плимут во ФА купот и повторно го чека подолга пауза.

Дефанзивецот кој паузираше повеќе недели поради мускулна повреда, сега заработил нов проблем, кој веројатно ќе треба да биде саниран со оперативен зафат.

– Ова е голем удар за Џо, но и за нашата екипа.

– Работеше напорно за да се врати и по само неколку минути на првиот натпревар, заработи повреда поради која сега ќе мора да паузира неколку недели.

– Очекуваме да пропушти голем дел од завршната етапа на сезоната, но и да се врати во финишот, – открил Слот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни