Поврзете се со нас

Англија

Слот потврди дека ќе го наследи Клоп: Ќе бидам тренер на Ливерпул…

Објавено

на

Foto:twitter.com/Feyenoord

Јирген Клоп овој викенд ќе се збогува со Ливерпул и тоа против Вулверхемптон на дуелот што ќе се одигра на „Енфилд Роуд“ што значи на идеален начин ќе ја заокружи приказната која започна во 2015 година.

„Црвените“ во меѓувреме работеа за ангажирање на негов наследник, а замената ја пронајдоа во Холандија и тоа во редовите на Феенорд.

Се работи за стратегот Арне Слот кој официјално потврди дека ќе седне на клупата на славниот премиерлигаш.

-Можам да потврдам дека ќе станам тренер таму следната година.

-Досега не размислував ова да биде подготовка за мојот последен натпревар, но сега почнува да доаѓа. На почетокот на неделата размислувате за тренинзи и такви работи. Но, сега чувството станува посилно. Затоа сега малку доцнам [за прес-конференцијата], бидејќи сакав лично да се поздравам со некои луѓе и да одвојам време за нив, а не само да се ракувам.

-Така да, чувството расте. Разбирам дека добрите резултати помагаат, но многу е убаво да почувствува дека луѓето навистина мислат дека е штета што си заминувам. Можете да го кажете тоа со зборови, но можете да го почувствувате ако луѓето навистина мислат така. Тоа многу ми значи, -порача Слот за „ЕСПН“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни