Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Слот по елиминацијата од ПСЖ: Никогаш немав видено вакво нешто!

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Арне Слот го доживеа првиот болен пораз во една величествена европска ноќ на „Енфилд Роуд“, откако неговиот Ливерпул беше елиминиран во пенал рулетот со ПСЖ.

„Светците“ се реваншираа на гостувањето во Англија и во регуларниот дел успеаја да слават со идентични 0:1 какошто Ливерпул победи на „Паркот на принцовите“, па откако немаше победник и по 30 минути продолжение, се пристапи кон изведување на удари од 11 метри.

Џиџио Донарума го украде шоуто на Алисон од Париз и со две одбрани го трасираше патот кон четвртфиналето, рунда во која ПСЖ ќе игра против Астон Вила или Клуб Бриж.

Ливерпул по овој пораз ќе може целосно да се насочи кон големото финале против Њукасл во Карабао Купот, како и кон освојување на титулата во Премиер лигата.

– Ова беше најдобриот фудбалски натпревар од кој сум бил дел, никогаш немав видено вакво нешто. Немам голема историја како менаџер на Ливерпул, но ова беа два тима на неверојатно високо ниво, се играше во неверојатен интензитет. Првите 25 минути беа величествени. Се сеќавам на првите 25 минути и против Манчестер Сити и Реал Мадрид оваа сезона, но ова беше уште поневеројатно. Кога погледнав во семафорот, губевме 0:1….. Едноставно, ова беше натпревар на кој не заслуживме да загубиме, но ако се гледа севкупно, ПСЖ беше подобар во Париз и заслужено се играше продолжение.

– Тие беа подобри во продолжението, а потоа и во пенал рулетот во кој реализираа четири пати, а ние само еднаш. Горд сум на тимот, но постои разочарување. Сепак, ако треба да бирам начин за испаѓање од Лигата на шампиони, тогаш треба да биде вака. Игравме против еден од најдобрите тимови во Европа, немавме ни среќа. Завршивме први во групата, а веќе во осминафиналето игравме против ПСЖ. Мора да го прифатиме новиот формат и да се вратиме посилни следната сезона, – изјави Слот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни