Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Слот не се согласува со Луис Енрике: Се знае кој е најдобар тим во Европа

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Луис Енрике посочи дека неговиот ПСЖ ќе игра против најдобриот и најконстантен тим во Европа оваа сезона, а во најавата за двомечот меѓу лидерите во Премиер лигата и Лига 1, Арне Слот не сакаше целосно да ги прифати комплиментите од спротивната страна.

Менаџерот на Ливерпул посочи дека убаво е да слушне такво мислење од противнички тренер како Лучо, но според него, најдобар тим во Европа и натаму останува Реал Мадрид.

– Убаво е да слушнете и да добиете таков комплимент, но најдобриот тим во Европа е оној кој ја освојува титулата во Лигата на шампиони.

– Ние сме многу далеку од тоа во овој момент, не чекаат тешки натпревари со ПСЖ, а потоа ќе следат уште потешки со оглед на ждрепката.

– Сите знаеме кој е најдобар тим во Европа, тоа е Реал Мадрид како актуелен шампион. Секој може да кажува што сака, но јас ќе прифатам таков комплимент само кога ќе го освоиме натпреварувањето, – изјави Слот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни