Поврзете се со нас

Англија

Слот: Не очекував кикс на Челси, ама ова е Премиер лига

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Ливерпул му одржа лекција на Тотенхем во ефиканскиот меч во Лондон кој донесе девет погодоци и конечен резултат 6-3 за гостите од „Енфилд Роуд“.

„Црвените“ беа сигурни, доминатни и ако беа пофокусирани во завршницата можеа да постигнат уште некој гол во мрежата на Фостер. Меѓутоа и ова е доволно, се дојде до 12. сезонски триумф со што на најдобар можен начин беше искористен киксот на Челси со Евертон (0-0), кикс кој не го очекувал предводникот на лидерот Арне Слот.

-Се разбира, тоа значи нешто (да се биде прв во лигата), затоа што секогаш претпочитате да бидете таму каде што сме во моментов, отколку друга позиција на првенствената табела. Но знаете колку што знам затоа што еднаш ја освоив лигата и знам колку е тешко тоа да се направи. Мора да продолжите на секои три дена. Мора да бидете на врвот на вашата игра секоја минута од мечот.

-Затоа е толку тешко да победите, бидејќи не е толку лесно да се појавувате на секои три или четири дена. Видовте минатата недела, во еден момент можеш да добиеш црвен картон. Овие работи можат да се случат во една сезона. Во Њукасл, имаме 3-2 и очекувате да да победиме, но испуштивме два бода.

-Ова е Премиер лигата, не очекував дека Челси ќе испушти бодови против Евертон, така што тоа може да се случи на секој натпревар и тоа е она што ја прави оваа лига толку посебна. Затоа луѓето сакаат да ја гледаат и затоа играме за Божиќ, -порача Слот.

Ливерпул е домаќин на Лестер на 26. декември или популарниот „Боксин деј“.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни