Англија
Слот ја спореди тактиката на Плимут со онаа на Јунајтед: Тешко се справуваме со таква игра

Плимут ја приреди најголемата сензација во 4-та рунда на ФА Купот и успеа да го елиминира Ливерпул во раната фаза на натпреварувањето, победа која беше остварена со резутлат 1:0.
Последнопласираниот тим во Чемпионшип му зема скалп на лидерот во Премиер лигата и уште еднаш покажа дека фудбалот може да биде многу непредвидлива игра, а доста интересна за новинарите во Англија беше и анализата на Арне Слот.
Менаџерот на Ливерпул призна дека Плимут му направил огромни проблеми на неговиот тим, споредувајќи ја тактиката на второлигашот со онаа на Рубен Аморим и неговиот Манчестер Јунајтед.
– Неколку пати оваа сезона видовме дека имаме проблеми кога играме против вакви тимови. Гледавме константни долги топки, таканаречени втори топки и навистина ни е тешко да се справиме со таква игра.
– Се соочивме со вакво нешто и на домашен терен против Манчестер Јунајтед. Плимут имаше сличен стил на игра како Јунајтед, ни играа со низок блок и со долги топки. Иако сега игравме со комбиниран тим, против Јунајтед на теренот беа стартери, а и тие се мачеа со ваков стил на игра, – изјави Слот.
-
Репрезентација22 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства22 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Шпанија14 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
Светски првенства10 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
Светски првенства13 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
АТП13 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Репрезентација22 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства12 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!