Англија
Слот ја објасни својата радикална одлука по катастрофалните 45. минути на Ливерпул

Ливерпул губеше од „фенерџијата“ Саутемптон на полувреме и тоа предизвика голема нервоза кај менаџерот Арне Слот, кој поради одлежување на суспензијата одново го следеше мечот од трибините.
Холандскиот стручњак во неколку наврати беше прикажан во кадар и не го криеше разочарувањето од играта на неговиот тим во првиот дел, по кој Слот се одлучи да направи три измени уште на паузата.
Слот го извади од игра Цимикас, Џоус и Мек Алистер, а во своето образложение за донесените одлуки, јасно стави до знаење дека бил незадоволен од целиот пристап на тимот.
– Донесов таква одлука за да го освестам тимот. На натпреварот против ПСЖ ни недостасуваше едно ниво кога е во прашање интензитетот, но денеска бевме шест или седум нивоа под потребната граница.
– Немавме енергија и интезитет, морав да направам нешто поголемо на полувреме. Затоа извадив неколку играчи и внесов нови кои ни донесоа поголема енергија. Тоа беше единствената одлука со која знаев дека ќе го размрдам тимот, – изјави Слот кој на крајот се израдува на победа од 3:1.
-
Лига на нации20 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП19 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации21 час
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Македонија16 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)
-
Лига на нации19 часа
Франција го најави пресвртот против Хрватска со гол каков немаше постигнато цели 18 години (Видео)
-
Лига на нации20 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Репрезентација10 часа
Миовски е автор на вториот најатрактивен гол во квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Свет18 часа
Арда го замолкнуваше Собослаи, ѕвездата на Ливерпул жестоко одговори за неговиот статус во Реал (Фото)