Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Слот ја апострофираше најдобрата одлика на Реал Мадрид: Тоа ги прави посебни

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Арне Слот брзо ги освои симпатиите меѓу навивачите на Ливерпул и се претвори во извонреден наследник на Јирген Клоп, бидејќи засега неговиот тим изгледа перфектно во Премиер лигата и Лигата на шампиони.

Ливерпул влегува како лидер во двете натпреварувања во директна пресметка со најуспешниот клуб во Европа, а фактот што Реал Мадрид гостува на „Енфилд Роуд“ го прави ова дерби уште поспектакуларно.

Последниот натпревар на овој терен заврши со победа на Реал со резултат 2:5, и тоа во ситуација кога домаќините имаа предност од 2:0 во раната фаза од мечот.

– Реал Мадрид е Реал Мадрид. Кога бев во Феенорд, им велев на моите играчи дека треба да бидеме како Реал. Го велев тоа бидејќи Реал е тим кој секогаш го пронаоѓа патот до победата. Тоа го прави Реал навистина посебен клуб.

– Некогаш игра добро, некогаш полошо, но секогаш го наоѓа патот до посакуваната цел. Со Реал се игра фудбал до последниот судиски свиреж, затоа утре очекувам спектакуларен меч. Кога го победи Ливерпул со 2:5, го посочив тој натпревар како пример за моите играчи во Феенорд, нивната способност да дојдат до победата на било каков начин е нешто посебно. Тоа ги прави специјални и затоа се убедливо најдобар клуб во последните 10-тина години, – потенцира Слот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни