Поврзете се со нас

Англија

Слот импресиониран од Клоп: Тоа што го направи, не се случува често

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/LFC

Арне Слот го реализирал првото интервју за интернет страницата на неговиот нов клуб Ливерпул, а во него зборувал за своите очекувања, клупските амбиции, но и за начинот на кој беше поддржан од претходникот Јирген Клоп.

Германецот не се штедеше во делењето комплименти за Слот откако стана јасно дека холандскиот стручњак ќе биде нов менаџер на „црвените“, а тој сега потенцирал колку многу му значеле таквите зборови.

– Разговарав со Клоп и тој ми даде многу важни информации, но она што посебно ме восхити е колку е среќен за моето доаѓање во клубот.

– Она што го кажа во медиумите дека ќе биде мој најголем фан затоа што го поддржува Ливерпул, не се случува многу често.

– Тоа многу зборува и за неговиот карактер и начинот на кој се снајде во оваа ситуација, – истакнал Слот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни