Англија
Слот и Ван Дајк со загрижувачки изјави за клучен играч на Ливерпул
Ливерпул го преживеа тешкото гостување на „Селхрст Парк“ и успеа да слави со резултат 0:1, но трите освоени бода не се целосно задоволувачки поради повредата на еден клучен фудбалер.
Алисон Бекер ја повреди задната ложа и веднаш побара измена од лекарскиот тим на Ливерпул, а бидејќи Арне Слот не можеше да смета на вториот голман Келехер, на крајот шанса доби третиот голман Јарош.
Голманската промена се случи на десет минути пред крајот, но бидејќи станува збор за регија од телото со која Алисон веќе имаше проблеми, луѓето во Ливерпул се навистина загрижени за тежината на повредата.
– Не знаеме колку е лошо, но не изгледа баш добро. Сигурно е дека нема да отпатува за Бразил и дека нема да сметам на него на следниот меч во Премиер лигата. Тој е најдобар голман во светот и ова е тежок удар за нас, – изјави менаџерот Слот.
– За жал, повредата на Алисон не изгледа добро. Изгледа дека повторно ја повреди задната ложа која веќе му создаваше главоболки. Останува да видиме колку ќе паузира, – порача капитенот Ван Дајк.
-
Англија18 часа
Сити во негативна серија каква што немал од 2018 година, тим на Гвардиола третпат прима четири гола
-
Англија20 часа
Фановите на Манчестер Јунајтед го кажале својот став во анкетата за изградба на нов стадион
-
Лига на шампиони19 часа
Милан му нанесе уште еден незгоден пораз на Реал Мадрид (Видео)
-
Велосипедизам24 часа
Нов медал за Елена Петрова од балканските првенства во велосипедизам!
-
Шпанија5 часа
Фановите на „Бернабеу“ со свирежи „отпишаа“ еден стартер на Реал: Имаме колективен проблем
-
Лига на шампиони20 часа
Ибрахимовиќ му постави едно прашање на Мбапе, фановите отворија дебата (Видео)
-
Лига на шампиони10 часа
Фонсека по големата победа на „Бернабеу“: Потешко е да се игра против Монца, отколку против Реал!
-
Шпанија8 часа
Сопругата на Феде „распали“ на социјалните мрежи, Анчелоти објасни зошто го извади на полувреме (Фото)