Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Слот и Енрике ги отворија картите за реваншот на „Енфилд Роуд“

Објавено

на

foto: x.com/LFC

Ливерпул и Пари Сен Жермен го играат дербито на денот во Лигата на шампионите, меч по кој една екипа ќе биде елиминирана од елитното натпреварување.

„Црвените“ иако беа надиграни на „Паркот на принцовите“ се изборија за минимална предност од 1-0 и тоа може да биде значаен фактот пред вечерашниот реванш на „Енфилд Роуд“.

Средбата стартува од 21 часот, а тренерите Арне Слот и Луис Енрике ги отворија картите, односно познати се почетните постави.

Интересно е тоа што Холанѓанецот и Шпанецот повлекоа исти потези и се одлучија да го започнат мечот со оние единаесет со кои тргнаа во Париз.

Ливерпул: Алисон, Александер Арнолд, Конате, Ван Дајк, Робертсон, Гравенберх, Мек Алистер, Салах, Собослаи, Луис Дијаз и Жота

ПСЖ: Донарума, Хакими, Маркињос, Пачо, Мендеш, Руиз, Витиња, Невеш, Баркола, Дембеле и Кварацхелија

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни