Англија
Слот го подбра Дарвин: Можам да прифатам промашување, но не можам…

Арне Слот потенцираше дека Дарвин Нуњез е најразочараниот играч во соблекувалната на Ливерпул по ремито со Астон Вила во Бирмингем, но иако во прв момент покажа симпатии кон својот напаѓач, холандскиот стручњак денеска не пропушти шанса да го подбере Уругваецот.
Менаџерот на Ливерпул нагласи дека останал фрустриран од односот кој го покажал Дарвин по нереализираната колосална шанса, па најави дека во наредните неколку дена ќе одржи состанок со него.
– Ќе морам да разговарам со Дарвин. Ќе му кажам дека може да промаши шанса, но не може да промаши кога е работата за тимот во прашање. Таков е животот на напаѓачите, секогаш ќе има утки, дел од нивната работа е и да промашуваат кога сите очекуваат гол. Сепак, тоа не значи дека треба да забави на теренот после една утка, затоа ќе зборувам со него на оваа тема.
– Можам да прифатам било какво промашување, особено од играч кој постигна важни голови за нас оваа сезона, но не можам да прифатам однесување како она после нереализираната шанса. Утката влезе во неговата глава и не го гледавме истиот Дарвин како и обично. Не го потеше задникот како обично го прави тоа за тимот, – изјави Слот, кој му порача на Нуњез да земе за пример свој соиграч.
– Затоа секогаш велам дека треба да ја имате посветеноста и фокусот на Ватару Ендо. Цела сезона нема никаква забелешка, продолжува да тренира и да ја чека својата шанса, секогаш е тука кога е потребен за тимот. Малку играчи го прават тоа што го прави Ендо, – заврши Арне.
-
Македонија23 часа
Гест за почит на клубот од Битола: Приходите од билетите од мечот Пелистер-Вардар ќе бидат наменети за семејствата на загинатите во Кочани
-
НБА21 час
Добри вести за Лејкерс: Познато е кога Леброн се враќа на терените
-
Свет24 часа
Винисиус Жуниор си ја бараше „бељата“, Рафиња реагираше и спречи глупост на сонародниот (ВИДЕО)
-
Свет10 часа
„Топка со очи“: Белингам го извади од игра цел албански тим со еден потег (Видео)
-
Репрезентација5 часа
Милевски ја одреди почетната постава: Почнуваме со двајца напаѓачи против Лихтенштајн
-
АТП21 час
Медведев повторно се „исклучи“ и доживеа елиминација на Мастерсот во Мајами
-
Свет23 часа
ФИФА донесе одлука: Клубот на Хамес Родригез исфрлен од Светското клупско првенство
-
АТП20 часа
Ѓоковиќ им се врати на победите и се израмни со Надал на вечната Мастерс листа (ВИДЕО)