Слободно фрлање стана хит на интернет (Видео)

Chinanu_Onuaku

Селекцијата на Соединетите Американски Држави како и што се очекуваше славеше на првиот меч во групата А против Иран (83:63) на Светското кошаркарско првенство за играчи до 19 години.
Ако победата на САД беше предвидлива, тогаш сигурно е изненадување начинот на кој центарот на оваа селекција Чајнану Онуаку изведе едно слободни фрлање. На Онуаку слабо му оди од линијата за пенали, па се реши да шутира во стилот на легендарниот Рик Бери и погоди. 18-годишниот висок играч за 14 минути на паркетот постигна 2 поени од своето „омилено место“ (2/4)

Facebook Коментари