Поврзете се со нас

Англија

Сликата на викендот доаѓа од Премиер лигата: Ареола со еден гест ги воодушеви фудбалските фанови ширум светот (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/WestHam

Вест Хем и Њукасл одиграа возбудливо реми кое заврши 2:2 на натпреварот кој се одигра во Лондон, но сликата на денот и викендот пристигна пред да биде означен старт на оваа средба.

За истата се погрижи домашниот чувар на мрежата Алфонс Ареола, кој поради начинот на кој искажа солидарност кон детето-маскота доби безброј позитивни коментари од цела јавност.

Францускиот чувар на мрежата излезе на терен со слушалки против силна бучава, а причина за тоа беше фактот што неговата придружба носеше исти такви слушалки.

Во ситуацијата се работеше за аутистично детенце кое мора да носи посебна опрема за да се справи со гласните звуци на стадионите, а Ареола покажа дека е голем човек и со својот потег го воодушеви фудбалскиот свет.

Сликата брзо стана вирален хит, а истата веќе има милони споделувања на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни