Поврзете се со нас

Свет

Славниот Барези го издвои најдобриот дефанзивец на светот: Тој покажа квалитет, карактер и сила!

Објавено

на

Легендата на Милан и италијанскиот фудбал, Франко Барези издвои едно име кое според него во моментов е далкеу пред сите кога се во прашање дефанзивците, одбранбената линија.

Барези многу добро знае како е да се игра на тој дел од теренот и да се биде успешен, а таков лидер според него во моментов е Вирџил Ван Дајк од премиерлигашот Ливерпул.

– Фудбалот се смени толку многу во последните 15 до 20 години, не само на теренот туку и како се гледа, пристап до информации и улогата на социјалните медиуми и сето тоа. Мислам дека начинот на кој се гледаа дефанзивците се менуваше низ годините. Вистинските љубители на фудбалот знаат колку се важни дефанзивците и ги ценат.

– Ако требаше да именувам имиња, тогаш оној што навистина се истакнува е Вирџил Ван Дајк кој покажа квалитет, карактер и сила која дефанзивец треба да ја има за да биде успешен лидер на тим како Ливерпул, -порача славниот Италијанец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни